Чавушоглу одржа заедничка видеоконференција со неколку свои колеги во врска со коронавирусот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа заедничка видеоконференција со неколку свои колеги посветена на заедничката борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1382514
Чавушоглу одржа заедничка видеоконференција со неколку свои колеги во врска со коронавирусот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа заедничка видеоконференција со неколку свои колеги земји, посветена на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека остварил средба преку видеоконференција со канадскиот министер за надворешни работи Франсоа-Филип Шампањ, австралискиот министер за надворешни работи Марис Пејн, бразилскиот министер за надворешни работи Ернесто Араухо и со германскиот државен министер одговорен за надворешни работи Ниелс Анен.

Мевлут Чавушоглу истакна дека на втората одржана видеоконференција учествувале и министерот за надворешни работи на Мароко Насир Бурита и министерот за надворешни работи на Перу Густаво Меза-Куадра.

Во рамките на остварените разговори бше разгледано прашањето за заедничка борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести