Во ракетен напад во подрачјето на Идлиб во Сирија загинаа двајца турски војници

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализиран напад од страна на радикалните групи во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници

1381566
Во ракетен напад во подрачјето на Идлиб во Сирија загинаа двајца турски војници

Во реализиран ракетен напад во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија станаа шехиди (загинаа) тројца турски војници.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во реализиран ракетен напад од страна на радикалните групи во подрачјето за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб станаа шехиди (загинаа) двајца наши соборци, а еден наш соборец е ранет.“

Во соопштението воедно се вели дека веднаш беше отворен оган врз утврдените цели во подрачјето и беше одговорено неколкукратно на нападот. 

Министерството за национална одбрана исто така соопшти дека во подрачјето на операцијата Пролетен штит во Идлиб стана шехид (загина) уште еден турски војник и дека според првични проценки причина за смртта е срцев удар. 



Слични вести