Турција го осуди терористичкиот напад во Авганистан во кој загинаа 20 припадници на безбедносните сили

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека се осудува реализираниот терористички напад во Авганистан во кој загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили

1382151
Турција го осуди терористичкиот напад во Авганистан во кој загинаа 20 припадници на безбедносните сили

Турција го осуди реализираниот терористички напад во Авганистан во кој загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со големо жалење е дочекана веста за реализираниот терористички напад утрово врз еден контролен пункт во провинцијата Забул во Авганистан во кој загинаа голем број припадници на авганистанските безбедносни сили. Го осудуваме овој терористички напад, на загинатите во нападот им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски авганистански народ, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Во соопштението се повторува дека со насилство не може да се постигне ништо и се упатува повик за стопирање на акциите на насилство, а со цел да би можело да се создаде поволна средина за преговори меѓу Авганистанците.

Инаку, портпаролот на губернијата на Забул Ѓул Ислам Сијал соопшти дека 6 мина талибански милитанти кои продреле меѓу безбедносните сили реализирале вооружен напад врз полициската станица во провинцијата.

Претседателот на градскиот совет на Забул Ата Џан Хакбајан пак, истакна дека во вооружениот напад загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили.



Слични вести