Чавушоглу одржа состанок преку видеоконференција со свои колеги од 5 земји и со Жозеп Борел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека одржал заеднички состанок преку видеоконференција со своите колеги од 5 земји и тоа Канада, Австралија, Бразил, Јужна Кореја и Италија и со високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел

1381630
Чавушоглу одржа состанок преку видеоконференција со свои колеги од 5 земји и со Жозеп Борел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа заеднички состанок преку видеоконференција со министрите за надворешни работи на 5 земји и со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, посветен на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот профил на Твитер информира дека одржал состанок преку видеоконференција со канадскиот министер за надворешни работи Франсоа-Филип Шампањ, австралискиот министер за надворешни работи Марис Пејн, бразилскиот министер за надворешни работи Ернесто Араухо, јужнокорејскиот министер за надворешни работи Канг Кјунг-ва и со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, како и со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакан дека на остварениот состанок со своите колеги од 5 земји била направена проценка на чекорите коишто би можеле да се фрлат во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

 



Слични вести