Благодарност од претседателот Ердоган до здравствениот персонал вклучен во борбата против Ковид-19

Претседателот Ердоган на својот профил на Твитер сподели објава во која ја изрази својата благодарност до здравствениот персонал вклучен во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1381567
Благодарност од претседателот Ердоган до здравствениот персонал вклучен во борбата против Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му се заблагодари на здравствениот персонал кој е вклучен во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата. 

Претседателот Ердоган во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Ја доставуваме мојата благодарност до сите наши здравствени работници кои се на задача со самопожртвуваност и трпение и кои заслужуваат секаква пофалба во борбата против коронавирусот. Со помош на Аллах и со поддршка на нашиот народ ќе го пребродиме и овој процес со зајакнување.“



Слични вести