Тројца терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

Тројца терористи кои избегале од северните делови на Ирак и Сирија им се предадоа на турските безбедносни сили во Силопи кај градот Ширнак и во Нусајбин кај градот Мардин

1381133
Тројца терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

Двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, кои избегале од местата за засолнување во северниот дел на Ирак, им се предадоа на турските безбедносни сили во Силопи кај градот Ширнак, а еден терорист кој избегал од северниот дел на Сирија се предаде во Нусајбин кај градот Мардин.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека продолжуваат бегствата од сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„Двајца терористи на ПКК кои избегале од местата за засолнување во северниот дел на Ирак се предадоа во Силопи, а еден терорист на ПКК/ЈПГ кој избегал од северниот дел на Сирија се предаде во нашата погранична станица во Нусајбин.“



Слични вести