Од Организацијата за следење на човековите права поддршка за Турција, а критика за Грција

Во извештајот на Организацијата за следење на човековите права се обелоденува дека Грција врши насилство врз мигрантите, а која пак често ја критикува и обвинува Турција во врска со присутната човечка драма на турско-грчката граница

1381416
Од Организацијата за следење на човековите права поддршка за Турција, а критика за Грција

Организацијата за следење на човековите права подготви обемен извештај и детална анализа во врска со присутната затегнатост по отворањето на граничните премини од страна на официјална Анкара за мигрантите.

Во овој извештај се обелоденува дека Грција врши насилство врз мигрантите, а која пак често ја критикува и обвинува Турција во врска со присутната човечка драма на турско-грчката граница.

Во извештајот се изнесува следниот коментар: „Грчките безбедносни сили и неидентификувани лица ги приведоа мигрантите на границата, вршеа насилство и сексуален напад врз нив, ги соблекоа и ги испратија назад во Турција.“

Од друга страна, Грција врз мигрантите кои продолжуваат да чекаат на границата за да преминат во земјата и оттаму да заминат во Европа и вчера интервенираа остро со гасни бомби, солзавец и водени топови.

Мигрантите кои се собрани и чекаат во шумскиот предел наеднаш од близината на реката Арда тргнаа кон грчката граница.   

Грчките војници кои се соочија со илјадници мигранти отворија оган во воздух, фрлија гасни бомби, солзавец и интервенираа со водени топови.

Притоа голем број мигранти и нивни деца беа подложени на негативното влијание од гасот.



Слични вести