Фахреттин Коџа: За 1 до 2 дена ќе почнеме да го користиме уредот за брза дијагноза на Ковид-19

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) за 1 до 2 дена ќе почне да се користи уредот за брза дијагноза

1381375
Фахреттин Коџа: За 1 до 2 дена ќе почнеме да го користиме уредот за брза дијагноза на Ковид-19

Министерот за здравство Фахреттин Коџа ги информираше пратениците во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) по прашањето на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот Коџа соопшти дека во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) за 1 до 2 дена ќе почне да се користи уредот за брза дијагноза.

Нагласувајќи дека владата е спремна против можните лоши сценарија од аспект на физичката и технолошката инфраструктура, Коџа рече: „Бројот на лицата кои поминаа од скрининг (во Турција) достигна до 372 илјади. Преку семејните лекари е извршен скрининг на 132 илјади лица. До денеска извршивме над 10 илјади тестови. Мислиме дека во наредните денови оваа бројка на тестови ќе се зголеми многу повеќе. Сакаме да дојдеме во положба да би можеле да направиме дневно по најмалку 10-15 илјади тестови.“

Велејќи дека за 1 до 2 дена ќе почне да се користи уредот за брза дијагноза, Коџа информира дека во кусо време бројот на лабораториите во 25 градови ќе се зголеми на вкупно 36.

Тој воедно истакна дека заклучно со почетокот на месец март се намалува брзината на епидемијата во Кина и центарот сепренесува во Европа, министерот за здравство Фахреттин Коџа напомена дека Италија со тоа што им дозволи на лицата кои дошле во земјата од Кина да шетаат слободно стана причина епидемијата да се прошири низ цела Европа. 

Коџа предупреди дека болеста во основа се пренесува по капков пат (кивање, кашлаење и сл.) и го подвлече следното: „Заедно со тоа што инкубациониот период трае најмалку 2 најмногу 14 дена, просечно е установено дека трае 6 дена. Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), стапката на смртност изнесува 3,8 отсто.“ 



Слични вести