Церемонија по повод 18 март 105. годишнината од Поморската победа на Чанаккале и Денот на сеќавање на шехидите

На церемонијата на плоштадот на Републиката, од страна на валијата на Чанаккале Орхан Тавли, командантот за морскиот теснец и на гарнизот адмирал Левент Керим Уча и градоначалникот на Чанаккале Улгур Ѓокхан е поставен венец на споменикот на Ататурк

1380407
Церемонија по повод 18 март 105. годишнината од Поморската победа на Чанаккале и Денот на сеќавање на шехидите

По повод одбележувањето на 105. годишнина од Поморската победа на Чанаккале и Денот на сеќавање на шехидите (паднатите борци), се одржа церемонија во градот Чанаккале.

На церемонијата на плоштадот на Републиката, од страна на валијата на Чанаккале Орхан Тавли, командантот за морскиот теснец и на гарнизот адмирал Левент Керим Уча и градоначалникот на Чанаккале Улгур Ѓокхан е поставен венец на споменикот на Ататурк.

Во оваа прилика, од бродот „ТЏГ Хејбелиада“ беа истрелани 21 топовски истрел.

По оддавање почит со едноминутно молчење и интонирање на Националната химна, од страна на валијата на Чанаккале Орхан Тавли и оние во негова придружба го поставија на турското знаме и го кренаа на јарболот златниот медал со напис „Чанаккале не може да се помине“ којшто од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во чест на 253 илјади шехиди (загинати, паднатите борци) му беше доделен на Чанаккале со законот број 3972.

На церемонијата учествуваа и пратеничката на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) од Чанаккале Жулиде Искендероглу, пратеникот на Партијата за национално движење (МХП) од Истанбул Хајати Арказ, ректорот на Универзитетот 18 март во Чанаккале проф. д-р Седат Мурат, воени и цивилни функционери и претставници на политички партии.

Битките на Чанаккале се познати како поморски и копнени битки кошто се водеа на полуостровот Гелиболу (Галиполе) помеѓу Османлиската Империја и државите на Антантата за време на Првата светска војна во 1915 и 1916 година.

Извојуваната победа на Чанаккале одигра значајна улога во народноослободителната борба и во формирањето на Република Турција.



Слични вести