Пораки по повод одбележувањето на 105. годишнина од 18 март Поморската победа на Чанаккале

Потпретседателот Фуат Октај во објавата на својот профил на Твитер напиша: „На 105. годишнина од Победата на Чанаккале со почит и милост се сеќавам на сите наши јунаци на чело со Гази Мустафа Кемал Ататурк кои го направија Чанаккале непрооден“

1380681
Пораки по повод одбележувањето на 105. годишнина од 18 март Поморската победа на Чанаккале

Потпретседателот Фуат Октај објави порака по повод одбележувањето на 105. годишнина од 18 март Победата на Чанаккале и Денот на сеќавање на шехидите.

Октај во објавата на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „На 105. годишнина од Победата на Чанаккале со почит и милост се сеќавам на сите наши јунаци на чело со Гази Мустафа Кемал Ататурк кои го направија Чанаккале непрооден.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот профил на Твитер со етикетата „18 март Победата на Чанаккале“ и „Чанакале не може да се помине“, го напиша следното: „Со милост и благодарност се сеќаваме на нашите јуначки предци и на сите наши шехиди (паднати борци) кои го направија Чанаккале непрооден. Вечна им слава.“

Претседателот за верски прашања Али Ербаш истакна дека Победата на Чанаккале го претставува најјасниот показател за тоа дека ќе бидат пребродени сите тешкотии ако целот народ биде цврсто обединет во слога и ако се води борба со елан, трпение и со одлучност.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во пораката што ја објави истакна дека на 18 март 1915 година се војуваше и и беше извојувана победа ѝ за угнетените народи ѝ за честа на човештвото.  

Валијата на Анкара Васип Шахин во својата порака нагласи дека Победата на Чанаккале претставува највеличествен јуначки еп не само за националната историја, туку и за историјата на човештвото.

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „На 105. годишнина од најславната победа за којашто целиот свет вели 'Чанаккале не може да се помине', со благодарност и милост се сеќаваме на сите наши шехиди (паднати борци) и газии (ветерани) кои овие татковини ги направија татковина за нас.“

Министерката за семејство, труд и социјални услуги Зехра Зумрут Селчук исто така во својата објава на профилот на Твитер напиша: „На 105. годишнина од Победата на Чанаккале знаеме дека секоја тешкотија ќе ја надминеме со национално единство и заедништво.“



Слични вести