Порака од претседателот Ердоган по повод 105. годишнина од Поморската победа на Чанаккале

Претседателот Ердоган истакна дека Победата на Чанаккале од којашто денеска одблежуваме 105 години, претставува јуначки еп напишан од страна на турскиот народ во единство и заедништво, со љубов кон татковината и народот

1380497
Порака од претседателот Ердоган по повод 105. годишнина од Поморската победа на Чанаккале

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 105. годишнината од одбележувањето на 18 март Поморската победа на Чанаккале и Денот на сеќавање на шехидите.

Ердоган истакна дека оние кои не ја разбираат борбата којашто беше водена во Чанаккале пред еден век не е можно да ги разберат и истрајноста и одлучноста во денешниот став пред заканите против Турција.

Тој во својата порака напомена дека Победата на Чанаккале од којашто денеска одблежуваме 105 години, претставува јуначки еп напишан од страна на турскиот народ во единство и заедништво, со љубов кон татковината и народот.

Привлекувајќи внимание дека Победата на Чанаккале претставува поносен еп којшто се изнесува пред очите пожртвуваноста која и покрај големите неможности може да ја направи народот во име на одбрана на својата независност, своето достоинство и својата татковина, претседателот Ердоган ја изнесе следната констатација: „Оние кои не знаат што се случи во Чанаккале пред еден век, не е можно да ги разберат и истрајноста и одлучноста во нашиот денешен став пред заканите против нашата татковина.“

Битките на Чанаккале се познати како поморски и копнени битки кошто се водеа на полуостровот Гелиболу (Галиполе) помеѓу Османлиската Империја и државите на Антантата за време на Првата светска војна во 1915 и 1916 година.

Извојуваната победа на Чанаккале одигра значајна улога во народноослободителната борба и во формирањето на Република Турција.

 



Слични вести