Мевлут Чавушоглу и честита на Северна Македонија за членството во НАТО

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу Чавушоглу му честита на својот колега, министерот за надворешни работи Никола Димитров за одобрувањето на членството на Северна Македонија во НАТО од страна на сите сојузници

1380466
Мевлут Чавушоглу и честита на Северна Македонија за членството во НАТО

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу и честита на Северна Македонија за нејзиниот прием во членство на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер му честита на својот колега, министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Чавушолгу во објавата напиша: „Членството на Северна Македонија во НАТО е одобрено од страна на сите сојузници. Честитки пријателе Никола, добродојдовте во НАТО.“

Инаку, пристапниот протокол меѓу НАТО и Северна Македонија беше потпишан на 6 февуари 2019 година. Потоа за започнување на членството на Северна Македонија пристапниот протокол требаше да се одобри во парламентите на сите земји членки на Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, соопшти дека сите сојузници го одобрија пристапниот процес на Северна Македонија во НАТО.

Столтенберг во пораката објавена на Твитер истакна дека шпанскиот Сенат, како последен, го одобрил пристапниот процес на Северна Македонија.

„На тој начин, сите сојузници ги отворија своите врати кон Северна Македонија, која наскоро ќе стане наша 30-та членка. Честитки Северна Македонија“, нагласи Столтенберг во пораката.



Слични вести