Ердоган: Се мобилизирани сите можности на државата за елиминирање во најскоро време на заканата од Ковид-19

Претседателот Ердоган истакна дека се мобилизирани сите можности на државата за елиминирање во најскоро време на заканата против Турција од новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1380763
Ердоган: Се мобилизирани сите можности на државата за елиминирање во најскоро време на заканата од Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше по „Координациониот состанок за борба против коронавирусот“ што се одржа денеска во Анкара.

Претседателот Ердоган истакна дека се мобилизирани сите можности на државата за елиминирање во најскоро време на заканата против Турција од новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто се појави во декември минатата година во Кина, а потоа со голема брзина се прошири низ светот.

Ердоган рече. „Доколку сите заедно се придржуваме кон претходно соопштените мерки периодот на останување дома би можеле да го ограничиме со 3 недели. Мојата молба од секоја единка на мојот народ е колку што е можно да не се излегува надвор од домовите додека да помине заканата од Ковид-19.“

Нагласувајќи дека вирусот влезе во Турција доцна и ограничено, претседателот Ердоган истакна дека се водат сите неопходни активности за продолжување на оваа состојба.

Тој нагласи дека уште од првиот ден се следат одблизу и економските димензии на прашањето со Ковид-19 во врска со што рече: „Верувам дека на најдобар начин ќе го пребродиме периодот на пружање отпор од 2 месеци.“ 

Претседателот Ердоган укажа и на тоа дека Турција располага со многу добар потенцијал на производство по прашањето на уредот за дијагноза и го подвлече следното: „Нашето министерство за индустрија и технологија кое ги води работите за истражување и развој ги состана сите значајни истражувачи и институции по ова прашање.“

Во период кога светските берзи од Азија до Западот губат голема вредност, Ердоган напомена дека берзата и националната валута на Турција покажуваат висока отпорност.

Тој рече: „Нашата економска управа и надлежни институции ги собраа барањата и предвидувањата на целиот деловен свет и ги направија своите подготовки.“

Потоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги соопшти деталите на пакетот под наслов „Штит за економска стабилност“ во вредност од 100 милијарди турски лири (приближно 14,3 милијарди евра) којшто ги засега сите сектори.



Слични вести