Ердоган, Макрон, Меркел и Џонсон разговараа преку видеоконференција за Сирија, коронавирусот, мигрантите и Турција-ЕУ

На четворниот самит преку видеоконференција беше разговарано за подрачјето на Идлиб во Сирија, мигрантското прашање, Либија, можностите за заедничко делување во борбата против коронавирусот, ситуацијата на ЕУ и односите меѓу Турција и ЕУ

1380122
Ердоган, Макрон, Меркел и Џонсон разговараа преку видеоконференција за Сирија, коронавирусот, мигрантите и Турција-ЕУ

Лидерите на четири земји, Турција, Франција, Германија и Велика Британија; Реџеп Тајјип Ердоган, Емануел Макрон, Ангела Меркел и  Борис Џонсон; синоќа одржаа четворен самит преку видеоконференција посветен на Сирија и други актуелни прашања. 

Лидерскиот самит поради мерките против коронавирусот коишто се применуваат  во светот се одржа преку видеоконференција, а беше разгледана поготово последната ситуација во Сирија која 10 години како се наоѓа во канџите на граѓанската војна. 

На четворниот самит беше разговарано за методите на хуманитарна помош кон подрачјето на Идлиб во Сирија, мигрантското прашање, последната ситуација во Либија, можностите за заедничко делување во борбата против коронавирусот, ситуацијата на Европската унија (ЕУ) и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со четворниот самит го истакна следното: „Изнајдовме можност за обемна проценка на  бројни прашања од борбата против коронавирусот до патиштата за изнаоѓање решение за кризата во Сирија на чело со присутната хуманитарна состојба во Идлиб, како и од прашањето со мигрантите до односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).“

Претседателот Ердоган заедно со соопштението сподели и фотографии од четворниот самит преку видеоконференција и го нагласи следното: „Во овој тежок процес низ којшто поминуваме на регионален и глобален план ќе ги ставиме во примена на поактивен начин дипломатијата и механизмите на соработка, со одлучност ќе ги продолжиме нашите активности за што поскоро изнаоѓање решение за нашите проблеми.“

Во меѓувреме, соопштение во врска со четворниот самит пристигна и од британскиот премиер Борис Џонсон.

Во објавеното писмено соопштение од владината зграда на „Даунинг стрит број 10“ се истакнува следното: „Лидерите ги осудија човечката криза предизвикана од режимот и неговите поддржувачи и принудувањето на масовно иселување од своите места внатре во Сирија и надвор од границите на Сирија.“

Во соопштението се вели дека на четворниот самит беше разговарано и за епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и се додава дека лидерите постигнаа согласност за значењето од поддржување на глобалните здравствени мерки против оваа епидемија и за намалување на економските влијанија на епидемијата.



Слични вести