Калин: „Внимавајте на предупредувањата во врска со коронавирусот“

Превентивите ќе вродат со плод само ако истите ги спроведеме сите

1379507
Калин: „Внимавајте на предупредувањата во врска со коронавирусот“

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин упати повик до граѓаните да  бидат повнимателни во врска со предупредувањата за епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и истите да ги спроведуваат достојно.

Во објавата преку профилот на твитер, Калин рече мерките кои беа преземени во рамките на борбата против коронавирусот и новите превентиви кои беа објавени вчера, имаат животно значење за Турција.

„Превентивите ќе вродат со плод само ако истите ги спроведеме сите. Затоа ве молам бидете внимателни и чувствителни на предупредувањата и истите спроведувајте ги со голема чувствителност“.



Слични вести