Ердоган, Макрон, Меркел и Џонсон одржаа лидерски самит преку видеоконференција посветен на Сирија

Ердоган, Макрон, Меркел и Џонсон преку видеоконференција разговараа за Сирија на чело со Идлиб, мигрантското прашање, Либија, борбата против коронавирусот и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)

1379987
Ердоган, Макрон, Меркел и Џонсон одржаа лидерски самит преку видеоконференција посветен на Сирија

Заврши лидерскиот самит посветен на Сирија преку видеоконференција меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон. 

На лидерскиот самит кој поради мерките против коронавирусот коишто се применуваат  низ светот се одржа преку видеоконференција, беше разгледана последната ситуација во Сирија која 10 години како се наоѓа во канџите на граѓанската војна. 

На четворниот самит беше разговарано за методите на хуманитарна помош кон подрачјето на Идлиб во Сирија, мигрантското прашање, последната ситуација во Либија, можностите за заедничко делување во борбата против коронавирусот, ситуацијата на Европската унија (ЕУ) и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).



Слични вести