Досега од округот на Едирне преминаа во Грција над 147 илјади мигранти

Во објавеното соопштение од Губернијата се истакнува дека масовниот мигрантски бран од различни области на Турција кон границата со Грција започна од 27 февруари оваа година и дека досега во Грција преминаа вкупно 147 илјади 132 мигранти

1379641
Досега од округот на Едирне преминаа во Грција над 147 илјади мигранти

Губернијата на Едирне соопшти дека од денот кога започна раздвиженоста на мигрантите досега во Грција преминаа  вкупно 147 илјади 132 мигранти.

Во објавеното соопштение од Губернијата се истакнува дека масовниот мигрантски бран од различни области на Турција кон границата со Грција започна од 27 февруари оваа година.

Во соопштението се нагласува дека воените единици во граничниот појас ја информираат Губернијата на Едирне за премините на мигрантите и се додава следното: „Од 27 февруари 2020 година до денеска од границите на округот на Едирне преминаа вкупно 147 илјади 132 нерегуларни мигранти, од кои 55 илјади 904 од областа на командата на 4-тата механизирана пешадиска бригада  и 91 илјда 228 мигранти од областа на командата на 54-тата механизирана пешадиска бригада. Премините продолжуваат.“

Во соопштението се доставуваат и информации во врска со острата интервенција од страна на Грција врз мигрантите.

Се нагласува дека за време на интервенцијата на грчките погранични безбедносни сили со гасни и звучни бомби, солзавец и пластични и вистински куршуми досега животот го загубија тројца мигранти.

„За време на интервенцијата на Грција досега животот го загубија тројца мигранти, а 214 мигранти се повредени. Излекувани се 206 мигранти кои се отпуштени, а лекувањето на 8 повредени мигранти продолжува. Освен тоа, во овој процес поради различни поплаки се обратија во болница 7.096 мигранти, на кои им е укажана потребната медицинска помош, 1.581 дете се вакцинирани против сипаници и палио, а 44 бремени жени се вакцинирани против тетанус.  Во врска со еден повреден и тројцата загинати мигранти за време на острата и нечовечна (нехумана) интервенција на грчките погранични безбедносни сили, од страна на самите или нивните блиски е поднесена жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), а воедно од страна на Унијата на авдокатите на Турција се следи и процесот на поднесената жалба во врска со уште 25 мигранти кои беа подложени на ист начин на однесување.“ - се вели во објавеното соопштение од Губернијата на Едирне.

Во меѓувреме, голем број мигранти кои од голем број градови, а пред се од Истанбул се дојдени во Едирне продолжуваат да чекаат во тампон зоната и околината на граничниот премин Пазаркуле, за да преминат во Европа.



Слични вести