Алтун: Борбата против коронавирусот продолжува крајно транспарентно, одлучно и рационално

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува крајно транспарентно, одлучно и рационално

1379959
Алтун: Борбата против коронавирусот продолжува крајно транспарентно, одлучно и рационално

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува крајно транспарентно, одлучно и рационално.

Привлекувајќи внимание дека државата ги продолжува деноноќно своите работи за држење на минимално ниво на продирањето на вирусот во земјата, Алтун нагласи дека во овој процес на најрационален начин се оценува секоја идеја, секој предлог и секоја поплака и дека им се дава приоритет на динамичните приоди фокусирани на решение. 

Тој рече дека се добива храброст од чувствителноста којашто ја покажуваат граѓаните во секоја фаза од борбата и привлече внимание дека комуникацијата е исто така една друга димензија на борбата против вирусот, кон која треба да се покажува максимална чувствителност.

Правејќи проценка дека е доста значајно да се спречи дезинформацијата којашто се создава во атмосфера во која денеска се употребуваат толку ефикасно средствата за комуникација, Фахреттин Алтун го рече следното:

„Согледуваме дека уште од првиот ден кога прашањето со коронавирусот се најде на врвните места на дневниот ред на нашата земја се водат обиди намерно да се држат на преден план како во социјалната медија така и во конвенционалната медија особено гласините околу тоа дека ќе бидат преземени одредени ограничувачки мерки. Би сакале да го подвлечеме тоа дека не ја одразуваат вистината гласините особено во однос на тоа дека ќе се прогласи вонредна состојба, ќе се применува забрана за излегување на улица или ќе бидат воведени ограничувања за патување и дека не се наоѓаат на нашиот дневен ред овие видови обемни ограничувачки чекори. Со свеста дека во оваа борба којашто ја водиме под лидерство на нашиот почитуван претседател освен тоа што се наоѓаме покрај здравјето и безбедноста на нашите граѓани располагаме со одговорност за одбрана и на нивните слободи, молиме да не се верува во ниту една вест, информација, сознание или гласина коишто не се потврдени од страна на официјални извори.“

Фахреттин Алтун додаде дека целосно е уверен оти Турција со солидарноста на државата и народот ќе го преброди и овој процес. 



Слични вести