Мигрантите и покрај повремената остра интервенција упорно продолжуваат да чекаат на границата со Грција

Над 10 илјади мгранти со надеж дека Грција ќе ги отвори границите, 18 дена како продолжуваат да чекаат во тампон зоната и во шумскиот предел кај турско-грчкиот граничен премин Пазаркуле-Кастаниес

1379259
Мигрантите и покрај повремената остра интервенција упорно продолжуваат да чекаат на границата со Грција
yunanistan beton bloklari gocmenler.jpg
yunanistan gocmenler.jpg
yunanistan göçmenler 2.jpg

Мигрантите 18 дена како продолжуваат да чекаат кај градот Едирне на границата со Грција за да преминат во оваа земја, а оттаму да заминат за Европа.

Поголемиот дел од мигрантите ги користат премините преку реката Марица, додека некои од нив со надеж дека Грција ќе ги отвори границите, 18 дена како продолжуваат да чекаат во тампон зоната и во шумскиот предел кај турско-грчкиот граничен премин Пазаркуле-Кастаниес.

Над 10 илјади мигранти кои ноќите ги поминуваат во поставените шатори на границата, истовремено водат борба и против тешките временски услови како што се студот и врнежите од дожд.

Мигрантите кои и покрај безмилосната остра интервенција на грчките безбедносни сили со водени топови, солзавец, гасни бомби и куршуми, сѐ уште мислат дека Грција ќе ја отвори грнаицата и сега се фокусирани на утрешниот лидерски самит меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. 

Овој лидерски самит се планираше да се одржи на 17 март (утре) во Истанбул чиј домаќин ќе беше претседателот Ердоган, меѓутоа поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) потоа беше соопштено дека ќе се одржи преку видеоконференција.

Од друга страна, во Егејското Море во близина на населеното место Дидим кај градот Ајдин беше сопрен гумен чамец кој превезуваше 42 мигранти кои се обидуваа да преминат во Грција.

Гуменот чамец со 42'јца мигранти од кои 31 Сириец и 11 Палестинци, меѓу кои се наоѓаа и деца,  беше сопрен од страна на екипите на турската крајбрежна стража и беше изнесен на брегот.

Како што се дознава странските државјани по законските постапки ќе бидат пуштени.

Во меѓувреме, четворица мигранти кои биле повредени за време на острата интервенција на грчките безбедносни сили поднесоа жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП)

 

 



Слични вести