Чавушоглу одржа состанок преку видеоконференција со амбасадорите во врска со коронавирусот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа состанок преку видеоконференција со амбасадорите и генералните конзули на Турција во Кина, Италија, Ватикан, Иран и Ирак, а во врска со коронавирусот

1379228
Чавушоглу одржа состанок преку видеоконференција со амбасадорите во врска со коронавирусот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше со турските амбасадори и генерални конзули на задача во Кина, Италија, Иран и Ирак како земји кои се најмногу погодени од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) при што беше информиран во врска со последните случувања и состојбата на турските граѓани во овие земји.

Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу преку видеоконференција разговараше со амбасадорите на Турција во Пекинг, Рим, Ватикан, Техеран и Багдад, како и со генералните конзули на овие земји.

Чавушоглу ги праша амбасадорите и генералните конзули за здравствената состојба на персоналот на Министерството за надворешни работи на задача во наведените земји и притоа ја доби информацијата дека здравствената состојба на сите вработени во овие амбасади и генерални конзулати е добра. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги информираше амбасадорите и генералните конзули во врска со последните случувања и мерките коишто се преземаат во однос на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина, Италија, Иран, Ирак и Ватикан, а воедно доби информации и во врска со здравствената состојба на турските граѓани кои се наоѓаат во овие земји.

На овој состанок преку видеоконференција учествуваа амбасадорот на Турција во Пекинг Емин Онен, амбасадорот во Техеран Дерја Орс, амбасадорот во Багдад Фатих Јилдиз, амбасадорот во Рим Мурат Салим Есенли и амбасадорот во Ватикан Лутфуллах Ѓокташ. 

На состанокот воедно учествуваа и генералните конзули на Турција во Гуанџо, Хонгконг, Шангај, Мешед, Тебриз, Урумије, Басра, Ербил, Мосул и Милано.



Слични вести