Третиот брод на Турција за дупчење „Кануни“ пристигна во пристаништето Ташуџу кај Мерсин

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека бродот за дупчење „Кануни“ (Законодавецот) во најскоро време ќе ги започне своите активности за ново ултра длабочинско морско дупчење

1378539
Третиот брод на Турција за дупчење „Кануни“ пристигна во пристаништето Ташуџу кај Мерсин

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез соопшти дека третиот брод за дупчење на кого му е дадено името „Кануни“ (Законодавецот) утрово пристигна во близина на пристаништето Ташуџу кај Мерсин. 

Министерот Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер потсети дека за посилно продолжување на активностите за пребарување на јаглеводороди и дупчење (сондажа) во Источниот Медитеран на 31 јануари е добиен третиот брод за дупчење (сондажа) и е регистриран во инвентарот на Турската нафтена компанија (ТПАО).

Велејќи дека откако во Обединетото Кралство беа завршени потребните работи за одржување, набавка и тестирање бродот по име „Кануни“ (Законодавецот) отплови кон Турција, министерот Фатих Донмез го рече следното: „Нашиот брод којшто на 13 март влезе во нашите територијални води во Источниот Медитеран, утрово пристигна во близина на пристаништето Ташуџу кај Мерсин. Во рамките на мерките против коронавирусот ќе биде забранет влезот и излезот од бродот Кануни кој влезе во Турција со својот персонал на ТПАО составен од 35 лица. По истекување на процесот во врска со мерките за Ковид-19 ќе започне процесот на одржување, ажурирање и развој на нашиот брод.“

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека бродот за дупчење „Кануни“ (Законодавецот) во најскоро време ќе ги започне своите активности за ново ултра длабочинско морско дупчење.



Слични вести