Остра реакција од МНР на Турција: Политиките на Грција потсеќаат на нацистичките применувања

„(Изјавите на Дендиас) Претставуваат конкретен доказ за недоследните, незаконски и нечовечни (нехумани) политики коишто ги следи оваа земја“ - истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој

1378441
Остра реакција од МНР на Турција: Политиките на Грција потсеќаат на нацистичките применувања

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во објавеното писмено соопштение во врска со изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас преку социјалните медиуми, остро ја критикуваше политиката што ја следи Грција.

Аксој ја изнесе следната констатација: „(Изјавите на Дендиас) Претставуваат конкретен доказ за недоследните, незаконски и нечовечни (нехумани) политики коишто ги следи оваа земја.“

Велејќи дека Грција се однесува со непријателство против мигрантите и дека тоа потсетува на нацистичките применувања, Хами Аксој рече: „Грција, со овие применувања коишто претставуваат срам во име на човештвото не ги брани границите на Европската унија (ЕУ) како што тврди, туку спротивно на тоа ги гази сите принципи и вредности над коишто е формирана Европската унија (ЕУ).“

Тој напомена дека Грција со ваквиот став во ист момент ја прекршува Европската конвенција за човекови права, како и безброј договори на Обединетите нации во врска со мигрантите. 

Аксој подвлече дека Грција е на погрешен пат и по прашањето на Либија, во врска со што го достави следното предупредување: „Меморандумите за соработка коишто ги постигнавме со легитимната Влада на Либија се во корист на целиот либиски народ, а не на само една одредена средна во Либија. Доколку кај Грција постои одредена вознемиреност, наместо да зборовува зад нас треба да седне на маса и да разговара со нас и со легитимната Влада на Либија.“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го критикуваше и ставот на грчкиот министер за надворшени работи Никос Дендиас во однос на турското малцинство во неговата земја и го рече следното: „Додека Грција своето малцинство во Албанија го дефинира како грчко национално малцинство, за турското малцинство во својата земја не го употребува зборот турско и тоа претставува вистинска дволичност. Изгледа дека Дендиас не сака да се потсети на тоа оти Европскиот суд за човекови права ја има осудено Грција по ова прашање.“ 



Слични вести