Мигрантите 17 дена како продолжуваат да чекаат на турско-грчката граница за да заминат за Европа

Над 10 илјади мигранти кои ноќите ги поминуваат во поставените шатори на границата, освен тоа што се соочуваат со безмилосната и остра интервенција на грчките безбедносни сили, водат борба и против тешките временски услови како што се студот и врнежите

1378332
Мигрантите 17 дена како продолжуваат да чекаат на турско-грчката граница за да заминат за Европа

Мигрантите кои чекаат кај Едирне на границата со Грција ја продолжуваат својата борба за да заминат за Европа.

Поголемиот дел од мигрантите ги користат премините преку реката Марица, додека некои од нив со надеж дека Грција ќе ги отвори границите, 17 дена како продолжуваат да чекаат во тампон зоната и во шумскиот предел кај турско-грчкиот граничен премин Пазаркуле-Кастаниес.

Над 10 илјади мигранти кои ноќите ги поминуваат во поставените шатори на границата, истовремено водат борба и против тешките временски услови како што се студот и врнежите од дожд.

Мигрантите повремено се соочуваат со острата интервенција на грчките безбедносни сили со водени топови, солзавец и гасни бомби, а поради опаѓањето на температурите во областа од денеска ќе водат борба и против студот. 

Имено, пролетните денови своето место му го препуштија на студеното време коешто доаѓа од Балканот.

Освен падот на температурите доаѓа и до повремени врнежи од дожд и оваа неповолна состојба влијае негативно особено врз мигрантите со бебиња и деца кои чекаат на границата за да преминат во Грција, а оттаму да го продолжат својот пат кон европските земји.

Од друга страна, и Грција која се наоѓа на дневен ред по безмилосната остра интервенција врз мигрантите кои чекаат во тампон зоната, продолжува да интервенира повремено со водени топови, солзавец, звучни и гасни бомби, а повремено употребува и пластични куршуми, пластични куршуми со зајачено дејство, па дури и со вистински куршуми.



Слични вести