Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 10 терористи на ПКК/ЈПГ, а тројца терористи се предадоа

Турските командоси неутрализираа 8 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата Извор на Мирот и двајца терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, во северниот дел на Сирија

1378197
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 10 терористи на ПКК/ЈПГ, а тројца терористи се предадоа

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 10 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека со реализирани успешни операции од страна на турските командоси се неутрализирани 8 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале да извршат напад во подрачјето на операцијата Извор на Мирот и двајца терористи на ПКК/ЈПГ кои биле во обид да се префрлат во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, во северниот дел на Сирија.

Во меѓувреме, продолжуваат и бегствата од сепаратистичко-терористичката организација ПКК, по пат на убедување од страна на турските безбедносни сили.

Во тие рамки, со преземените активности од страна на полицијата на градот Ван се предадоа уште двајца терористи.

Терористите кои им се предадоа на турските војници на граничниот премин Акчакале кај градот Шанлиурфа, потоа се сретнаа со своите семејства.

Во врска со двајцата терористи кои се предадоа е установено дека делувале во камповите на сепаратистичко-терористичката организација, во Сирија.

Во рамките на активностите за убедување водени од страна на екипите на градската команда на жандармеријата на Истанбул им се предаде на екипите на градската команда на жандармеријата во Џејланпинар кај градот Шанлиурфа и еден терорист кој избегал од сепаратистичко-терористичката организација, а кој и се приклучил на ПКК во 2015 година и потоа преминал во редовите на ПЈД/ЈПГ, нејзиното сириско структуирање.



Слични вести