Започната антитерористичката операција „Стапица-8 Планината Агри-Чемче-Мадур“

Во започнатата антитерористичка операција „Стапица-8 Планина Агри-Чемче-Мадур“ (Kapan-8 Ağrı Dağı-Çemçe-Madur) учествуваат 1.012 припадници на турските безбедносните сили

1377739
Започната антитерористичката операција „Стапица-8 Планината Агри-Чемче-Мадур“

Во подрачјата на градовите Агри, Карс и Игдир, во југоисточниот дел на земјата, е започната антитерористичката операција „Стапица-8 Планина Агри-Чемче-Мадур“ (Kapan-8 Ağrı Dağı-Çemçe-Madur), во која учествуваат 1.012 припадници на турските безбедносните сили.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во подрачјата на градовите Агри, Карс и Игдир кадешто се проценува дека се наоѓаат терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ е започната антитерористичката операција „Стапица-8 Планина Агри-Чемче-Мадур“ (Kapan-8 Ağrı Dağı-Çemçe-Madur), а со цел нивно неутрализирање.

Во соопштението се вели дека во операцијата се вклучени 1.012 припадници на турските безбедносни сили, а воедно се подвлекува дека со интензивната поддршка на народот со решителност и успешно продолжуваат операциите „Стапица“ (Kapan) коишто се реализираат во правец на целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата.



Слични вести