Соопштени превентивните мерки против коронавирусот во Турција

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин ги соопшти превентивните мерки коишто ќе бидат преземени во наредниот период во рамките на борбата против епидемијата од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција

1377331
Соопштени превентивните мерки против коронавирусот во Турција
ibrahim kalın.jpg

Во Турција, како земја која со ефикасната борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) служи за пример, се утврдени и чекорите коишто ќе се преземат во наредниот период.

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, по состанокот посветен на коронавирусот што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и со учество на министрите и надлежни установи, даде изјава за новинарите. 

Велејќи дека за одредено време ќе бидат одложени посетите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во странство, Калин вака ги наброи преземените мерки против коронавирусот во земјата:

„Првенствено од 16 март ќе заминат на одмор од една недела основните и средните училишта и гимназиите. Почнувајќи од 23 март ќе се овозможи учениците да го продолжат своето образование преку онлајн настава со наставна програма преку интернет и телевизија.

Како второ, во врска со нашите универзитети исто така почнувајќи од 16 март во текот на 3 недели ќе бидат на одмор и универзитетите.

Во рамките на добиените препораки од експертите и направените проценки и анализи, е донесена одлука за одигрување на спортските натпревари без публика до крајот на април.“

Од друга страна и Министерството за култура и туризам, соопшти дека почнувајќи од 14 март до крајот на април се одложуваат сите културно-уметнички манифестации. 

Воедно е донесена и забрана за патување во странство за вработените во јавниот сектор кои ќе можат да патуваат во странство при исклучителни случаи и со добивање дозвола.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека во Турција е утврден вториот случај на зараза од новиот тип коронавирус.

Министерот Коџа во објавеното соопштени на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Вториот случај е утврден кај блиската средина (близок) на првиот утврден случај ставен под карантин.“



Слични вести