Во терористички напад во Расулајн, во Сирија, загинаа еден турски војник и тројца локални безбедносни сили

Терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ реализираа напад со возило бомба во Расулајн во подрачјето на операцијата Извор на мирот во североисточниот дел на Сирија во кој станаа шехиди (загинаа) еден турски војник и тројца припадници на локалните безбедносни сили

1377276
Во терористички напад во Расулајн, во Сирија, загинаа еден турски војник и тројца локални безбедносни сили

Во реализиран напад од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ во Расулајн, во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) еден турски војник и тројца припадници на локалните безбедносни сили.

Во објавеното соопштение од губернијата на Шанлиурфа се истакнува следното: „Денеска, во реализиран напад со возило бомба од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ на еден контролен пункт во Расулајн, станаа шехиди (загинаа) еден наш жандармериски десетар и тројца наши локални безбедносни сили.“

Во соопштението се вели дека во истиот напад беа ранети и 10 лица од кои 7 цивили.

Ранетите се префрлени на лекување во Државната болница во Џејланпинар.



Слични вести