Хулуси Акар: На разговорите за Идлиб со руската воена делегација во голема мера е постигнат договор

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека на разговорите за Идлиб со руската воена делегација во голема мера е постигнат договор

1376821
Хулуси Акар: На разговорите за Идлиб со руската воена делегација во голема мера е постигнат договор

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар направи проценка на прекинот на огнот кој што стапи во сила во подрачјето на Идлиб во Сирија на 6 март.

Нагласувајќи дека разговорите со руската воена делегација која престојува во Анкара продолжуваат, Хулуси Акар рече дека во голема мера е постигнат договор.

„Рековме дека доколку биде прекршен прекинот на огнот (од страна на Бешар Асад) и продолжат нападите, ќе продолжиме од онаму кадешто застанавме и ќе продолжиме да им нанесуваме загуби. Нашето присутво во Идлиб продолжува со сите наши елементи. Не станува збор за повлекување, нашите единици, елементи ги зачуваат своите позиции.“ - рече Акар.

Осврнувајќи се и на операциите коишто продолжуваат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го рече следното: „Во координирана операција на нашите Воздушни сили и Националната разузнавачка служба (МИТ), на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи од кои една жена, меѓу кои се наоѓаат и т.н. раководители на терористичката организација.“



Слични вести