Грчкиот амбасадор во Анкара повикан во Министерството за надворешни работи

Oд грчкиот амбасадор Диамесис во Анкара беше побарано Грција да престане со прекршување на турските територијални води, да ги предупреди своите копнени погранични единици и да стави крај на притворањето на новинарите на Родос и Лезбос (турски Мидилли)

1376616
Грчкиот амбасадор во Анкара повикан во Министерството за надворешни работи

Амбасадорот на Грција во Анкара Мајкл-Кристос Диамесис вчера беше повикан во министерството за надворешни работи.

Според добиени информации од дипломатски извори, од грчкиот амбасадор Диамесис беше побарано Грција да престане со прекршување на турските територијални води, да ги предупреди своите копнени погранични единици и да стави крај на притворањето на новинарите кои информираат и се бават со новинарство во врска со човечката состојба на мигрантите на островите Родос и Лезбос (турски Мидилли).

Инаку, чамецот на грчката крајбрежна стража којшто вчера ги прекрши турските територијални води во областа кај познатото туристичко одморалиште Бодрум, беше изваден од страна на еден чамец на турската крајбрежна стража.

Чамецот на грчката крајбрежна стража по одлучните маневри на чамецот на турската крајбрежна стража, ги напушти турските територијални води.



Слични вести