Состанок на Научниот совет за коронавирусот

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) рече: „Ризикот е сериозен“

1376602
Состанок на Научниот совет за коронавирусот

Со учество на министерот за здравство Фахреттин Коџа, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и министерката за трговија Рухсар Пекџан се одржа состанок на Научниот совет за коронавирусот.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) рече: „Ризикот е сериозен.“

На состанокот беше разговарано за мерките во сферите на здравството, туризмот и трговијата по потврдениот  случај на Ковид-19 во Турција. 

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во врска со епидемијата на коронавирусот го рече следното: „Ситуацијата со епидемијата во Европа со потврдениот случај на зараза синоќа во нашата земја, најверојатно нема да се задоволи со тоа, ризикот е сериозен.“

Коџа воедно напомена дека утре (денеска) ќе се одржи состанок по прашањето под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести