Министрите за одбрана Акар и Шојгу разговараа за прекинот на огнот во Идлиб, во Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посветен на прекинот на огнот во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1375927
Министрите за одбрана Акар и Шојгу разговараа за прекинот на огнот во Идлиб, во Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во телефонскиот разговор Акар и Шојгу разменија мислења за трајно воспостаување на прекин на огнот во подрачјето на Идлиб во Сирија, а со цел на тој начин да се стави крај на крвопролевањето и да се обезбеди средина за враќање назад во своите домови на повеќе од еден милион невини луѓе од кои 81 отсто жени и деца и кои биле принудени на иселување. 

Освен тоа во телефонскиот разговор, беше нагласена одлучноста за доведување во трајна состојба на прекинот на огнот и со таа цел исполнување на своите одговорности на Турција и Русија од постигнатите договори и за продолжување на напорите за воспоставување на мирот и стабилноста во подрачјето. 



Слични вести