Ердоган: Доколку не ги одржат своите зборови никако нема да се двоумиме да ги нападнеме уште потешко

Претседателот Ердоган истакна дека доколку режимот не се придржува кон прекинот на огнот во подрачјето на Идлиб во Сирија, ќе се соочи со уште потежок одговор

1376437
Ердоган: Доколку не ги одржат своите зборови никако нема да се двоумиме да ги нападнеме уште потешко

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на состанокот на Пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партија) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) истакна дека операциите коишто де факто ги реализира Турција во текот на еден месец во Идлиб и операцијата Пролетен штит којашто ја започна минатиот месец, ја одразуваат нејзината решителност за спречување на заканите коишто се потпреа на нејзините граници.

Претседателот Ердоган истакна дека со постигнатиот прекин на огнот во Идлиб (по остварената средба со својот руски колега Владимир Путин за време на неговата остварена минатонеделна посета на Русија) народот за прв пат по изминато долго време зеде здив.

Тој напомена дека доколку режимот не се придржува кон прекинот на огнот во подрачјето на Идлиб во Сирија, ќе се соочи со уште потежок одговор.

Појаснувајќи дека неизвесно е колкку ќе останат приврзани кон прекинот на огнот режимот и секташките милициски сили кои работат заедно со него, Ердоган рече: „Уште од сега макар и мали почнаа да се доживуваат прекршувања на прекинот на огнот. Овие случувања ги споделуваме со руската страна во согласност со постигнатиот договор и очекуваме да бидат преземени мерки.“

Претседателот Ердоган нагласи дека и при најмал напад којшто ќе биде извршен врз турските набљудувачки пунктови во Сирија, нема да се остане со тоа што ќе биде одговорено, туку ќе биде нанесен многу потежок удар и продолжи со следните зборови: „Ги следиме внимателно натрупувањата на линијата на прекинот на огнот на режимот и милициските сили. Сѐ додека и спротивната страна ја покажува истата чувствителност, ние ќе останеме до крај приврзани кон дадениот збор, меѓутоа доколку оние од спротивната страна не ги одржат своите зборови никако нема да се двоумиме да ги нападнеме потешко од претходно.“

Нагласувајќи дека се одлучни да ја воспостават безбедноста на секоја педа од граничната линија со Сирија во должина од 911 километри, држејќи ги притоа далеку ѝ терористичките организации ѝ секташките режимски сили од оваа границата, претседателот Ердоган напомена дека Турција овој привремен прекин на огнот и поврзаните договори не ги постигна поради тоа што не располага со сила да се справи со режимот или со терористичките организации, туку за да би можело да се изнајде прифатливо, применливо и одржливо решение за кризата во Идлиб, од аспект на сите страни.

Претседателот Ердоган во своето излагање упати и повик до сирискиот режим и оние кои го поддржуваат најпрвин да ги спасат едната третина од териториите на земјата од окупацијата на сепаратистичко-терористичката организација, а воедно порача дека откако ќе се постигне тоа ќе биде изнајдено многу полесно решение и за Идлиб и другите области. 

Претсерадтелот Реџеп Тајјип Ердоган исто така ја покани и меѓународната заедница да вложува поголеми напори и да ги поддржува напорите на Турција.



Слични вести