Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи т.н. високи раководители на ПКК

Министерството за национална одбрана соопшти дека на планината Кандил во северниот дел на Ирак, во координација на Турските вооружени сили и Националната разузнавачка служба (МИТ) се неутрализирани 5 терористи т.н. високи раководители на ПКК

1375252
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи т.н. високи раководители на ПКК

Во реализирана воздушна операција на планината Кандил во северниот дел на Ирак, во координација на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Националната разузнавачка служба (МИТ) се неутрализирани 5 терористи т.н. високи раководители на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана на својот профил на Твитер се истакнува следното: „Во координација на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Националната разузнавачка служба (МИТ) со реализирана воздушна операција на планината Кандил во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 5 терористи на ПКК кои биле на задача како т.н. високи раководители на сепаратистичко-терористичката организација. Ќе бидат срушени сите пештери на терористичката организација.“

Во меѓувреме, во северниот дел на Ирак со реализирани операции поддржани од воздух се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и во областите на планината Кандил и Авашин-Басјан.



Слични вести