Претседателот Ердоган: Ставот што го применува Грција против мигрантите претставува убиство

Претседателот Ердоган истакна дека Грција треба да знае оти начинот на постапување што го применува на границата против мигрантите, претставува убиство

1375741
Претседателот Ердоган: Ставот што го применува Грција против мигрантите претставува убиство

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од Брисел одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелниот дневен ред.

Претседателот Ердоган покажа реакција против насилството коешто се применува од страна на грчките погранични единици врз мигрантите кои од Едирне сакаат да преминат во Грција, а оттаму да заминат за Европа. 

Тој истакна дека Грција треба да знае оти начинот на постапување што го применува на границата против мигрантите, претставува убиство и го рече следното: „Треба да знаат дека начинот на постапување на границата претставува убиство. Ќе ја прашаме сметката за тоа. Пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ќе ги прикажеме пред нивните очи фотографиите на луѓето кои ги соблекуваат. Мојот предлог до Грција е да ги отвори своите врати и овие луѓе да заминат кон другите земји во Европа.“

Велејќи дека добро оди прекинот на огнот во подрачјето на Идлиб во Сирија којшто стапи во сила на 6 март, претседателот Ердоган во врска со предлогот што му го достави на рускиот претседател Владимир Путин за повторна изградба на Сирија го рече следното: „Со помош на нафтата којашто се обезбедува одовде ние ќе го реализираме делот од претпремаштвото (градежништвото), ако дадете финансиска поддршка дојдете Сирија која е разрушена да ја кренеме на нозе. Путин рече дека би можело. Истот предлог би можел да му го доставам и на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на црната пропаганда којашто се врши во рускиот печат во врска со неговата остварена посета на Русија на 5 март во врска со што рече: „Односите помеѓу Турција и Русија не можат да се жртвуваат за овие видови медиумски манипулации.“



Слични вести