Претседателот Ердоган поради коронавирусот не се ракуваше во Брисел и се поздрави ставајќи ја раката на градите

Претседателот Ердоган за време на својата вчерашна работа посета на Брисел привлекувајќи внимание на коронавирусот не се ракуваше и се поздрави ставајќи ја раката на градите

1375219
Претседателот Ердоган поради коронавирусот не се ракуваше во Брисел и се поздрави ставајќи ја раката на градите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, својата чувствителност по прашањето на новиот тип коронавирус којшто продолжува да се шири брзо низ светот ја покажа и за време на својата посета на Брисел.

Претседателот Ердоган кој вчера престојуваше во работна посета на белгискиот главен град Брисел, не се ракуваше ниту со оние кои го испратија од Истанбул, ниту со оние кои го пречекаа на слегување од авионот во Брисел, туку ги поздрави ставајќи ја раката на градите.

Ердоган во Брисел им се обрати на турските граѓани кои го пречекаа во постојаното претставништво на Турција во Европската унија (ЕУ) и во оваа пригода ги предупреди и граѓаните во врска со коронавирусот (Ковид-19).

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор го прими генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На крајот на одржаната заедничка прес конференција по приемот, внимание привлече тоа што претседателот Ердоган и Столтенберг не се ракуваа.

Така, претседателот Ердоган наместо да се ракува велејќи „Корона“ ја стави раката на градите, на што пак на ист начин ставајќи ја раката на градите одговори и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.



Слични вести