Коџа: Во Турција не е утврден случај на коронавирус, но веројатноста да се појави е многу голема

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека досега не е утврден случај на зараза од нов тип коронавирус (Ковид-19) во Турција, но рече дека веројатноста да се појави е многу голема

1375859
Коџа: Во Турција не е утврден случај на коронавирус, но веројатноста да се појави е многу голема

Министерот за здравство Фахреттин Коџа одржа прес конференција во Анкара на која даде изјави во врска со мерките коишто се преземаат против епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19).

Коџа истакна дека досега не е утврден случај на зараза од нов тип коронавирус (Ковид-19) во Турција, но рече дека веројатноста да се појави е многу голема.

Потсетувајќи дека уште од моментот кога се појави епидемијата беа поставени терманли камери на аеродромите, беа сопрени летовите за Кина и беа затворени границите со Иран, министерот Коџа напомена дека Европа пак, задоцни во преземање на мерки и дека продолжува да доцни.

Тој појасни дека со секој поминат ден расте бројот на заразените од вирусот во Европа и дека во Германија и во Франција во наредните денови ќе се појави уште поголем проблем.

„Нашите односи со Европа се доста интензивни. Во моментов е многу голема веројатноста оваа епидемија да се наоѓа во Турција и во моментов би можеле да го кажеме само следното: Овој вирус не е утврден. Тоа не го велам за да го навикнам општеството на нешто. Вистината е тоа.“ - рече министерот за здравство Фахреттин Коџа. 

Тој истакна дека наредниот еден месец треба да се помине како период со помалку контактирање, кога колку што е можно да не се патува во странство, кога треба да се изолираме во домовите и кога не треба да се контактира особено со старите лица.



Слични вести