Калин: Турција ги исполни своите обврски по прашањето на мигрантите, сега е на ред да фрли чекор ЕУ

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека Турција ги исполни своите обврски по прашањето на мигрантите во рамките на постигнатиот договор од 18 март и дека сега е на ред да фрли чекор Европската унија (ЕУ)

1375809
Калин: Турција ги исполни своите обврски по прашањето на мигрантите, сега е на ред да фрли чекор ЕУ

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин даде изјава во врска со вчерашната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на белгискиот главен град Брисел кадешто престојуваше за разгледување на прашањето со мигрантите.

Калин во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Турција ги исполни своите обврски по прашањето на мигрантите во рамките на постигнатиот договор од 18 март и дека сега е на ред да фрли чекор Европската унија (ЕУ).

„Турција ги исполни своите обврски во рамките на договорот од 18 март. Ја спречи мигрантската криза. Доколку ЕУ го исполни тоа што и претстои може да се отвори нова страница во односите. Тоа е можно со една силна визија и со конкретен акционен план. Нашиот претседател вчера во Брисел ја даде таа порака. Сега е на ред да фрли чекор ЕУ.“ - напиша портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на својот профил на Твитер.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во Брисел се состана со претседателот на Еврпскиот совет Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен со кои разговараа за безбедносните закани со коишто се соочува Турција и мигрантскиот проблем.



Слични вести