Ердоган: „Со Столтенберг, Мишел и Лејен разговаравме за безбедносната закана со која се соочуваме“

Турција во определувањето на патоказот за проблемот со бегалците ќе соработува со ЕУ

1375641
Ердоган: „Со Столтенберг, Мишел и Лејен разговаравме за безбедносната закана со која се соочуваме“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека на средбите со Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, Шарл Мишел – претседателот на Советот на ЕУ и Урсула вон дер Лејен – претседателката на Европската комисија разговарале за безбедносната закана на која е изложена Турција.

Претседателот Ердоган на враќање од посетата на Брисел во авионот одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган посочи на отворањето на граничните премини на Турција за бегалците кои се насочија кон границата со Грција од каде што сакаат да преминат во Европа и рече дека „Турција во определувањето на патоказот за проблемот со бегалците ќе соработува со ЕУ.

На чело на екипата која ќе го определи патоказот на проблемот со бегалците се наоѓаат министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и Високиот претставник на ЕУ Жозеф Борел. Изразувам желба да постигнат напредок до 26 март, Самитот на ЕУ“.

Претседателот Ердоган меѓудругото рече дека во вторник во Истанбул ќе одржат трилатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон и дека на дневниот ред се наоѓа и учеството на британскиот премие Борис Џонсон.



Слични вести