Грчките војници за спречување на премините на мигрантите копаат ровови на границата со Турција

Грција продолжува да копа ровови зад поставените вреќи со песок зад високите жичани огради на границата, а воедно и со своите вооружени војници се обидува да ги спречи премините преку границата

1375347
Грчките војници за спречување на премините на мигрантите копаат ровови на границата со Турција
yunan sinir.jpg
yunan siniri

Грчките погранични единици за спречување на мигрантите кои сакаат да заминат за Европа, копаат ровови на границата со Турција.

Мигрантите 12 дена како чекаат на границата со Грција кај Едирне за да преминат во оваа земја, а оттаму да заминат во европските земји.

Грчките погранични единици, за спречување на премините на мигрантите преку границата освен со бибер спреј, солзавец и водени топови интервенираат и со пластични и вистински куршуми кои стануваат причина и за смрт и ранувања.

Грција продолжува да копа ровови зад поставените вреќи со песок зад високите жичани огради на границата, а воедно и со своите вооружени војници се обидува да ги спречи премините преку границата.

Освен тоа, грчките војници распоредени на границата почнаа да поставуваат жичана ограда и на некои делови на брегот на реката Марица од кадешто се реализираат премини.



Слични вести