Чавушоглу: Границите на Европа почнуваат од јужните и источните граници на Турција, а не од турско-грчката граница

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека границите на Европа почнуваат од јужните и источните граници на Турција, а не од турско-грчката граница

1375553
Чавушоглу: Границите на Европа почнуваат од јужните и источните граници на Турција, а не од турско-грчката граница

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу направи проценка на актуелниот дневен ред за новинската Агенција Анадолија „АА“.

Чавушоглу се осврна на прашањето со мигрантите кои се обидуваат преку границата на Турција со Грција да заминат за Европа и на остварените разговори на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во главниот град на Белгија, Брисел,во врска со што истакна дека Турција влезе во еден нов период на дијалог со Европската унија (ЕУ).

„Поминавме во една нова фаза од аспект на дијалогот (со Европската унија (ЕУ), меѓутоа треба да се фрлат чекори за реално реализирање на овие односи. До 26 март ќе се обидеме да определиме една нова патна карта.“ - рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека земјите на Европската унија (ЕУ) не и даваат доволно поддршка на Турција по прашањето на мигрантите, Чавушоглу го рече следното: „Ѝ велите да нема миграција (од подрачјето на Идлиб, во Сирија), ѝ не давате никаква поддршка за да живеат овие луѓе овде (во Идлиб). Откако Турција ги отвори своите врати и откако мигрантите заминаа за Европа, ја сфатија подобро сериозноста на работата. Веќе заврши периодот на одвлекување на вниманието на Турција.“

Тој напомена дека границите на Европа почнуваат од јужните и источните граници на Турција, а не од турско-грчката граница.

Покажувајќи остра реакција против насилството коешто го применуваат грчките погранични безбедносни сили против мигрантите, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Истураат зовриена вода врз мигрантите. И ни одржуваат лекција нам по прашањето на човековите права. Досега убија 5 лица.“

По прашањето на членството на Турција во Европската унија (ЕУ) пак, Чавушоглу истакна дека отворањето на поглавјата се попречува поради политички причини и го подвлече следното: „Спремни сме да ги отвориме сите неотворени поглавја.“ 



Слични вести