Продолжува исчекувањето на мигрантите на турско-грчката граница со надеж да заминат за Европа

Над 3 илјади мигранти кои ноќите ги поминуваат во поставените шатори во близина на границата, истовремено водат борба и против непогодните временски услови

1374640
Продолжува исчекувањето на мигрантите на турско-грчката граница со надеж да заминат за Европа
edirne siginmacilar.jpg
edirne siginmacilar.jpg

Продолжува борбата на мигрантите кои од голем број градови низ Турција, а пред се од Истанбул, се дојдени во Едирне и чекаат на турско-грчката граница за да преминат во Грција, а оттаму да заминат во Европа.

Голем број мигранти повеќе од копно, за преминување во Грција ја користат реката Марица.

Некои од мигрантите пак, се надеж дека Грција ќе ги отвори вратите продолжуваат да чекаат во тампон зоната и во шумскиот предел во близина на турско-грчките гранични премини Пазаркуле и Кастаниес.

Над 3 илјади мигранти кои ноќите ги поминуваат во поставените шатори во близина на границата, истовремено водат борба и против непогодните временски услови. Студеното време особено ноќите повеќе влијае на семејствата со деца.

Дирекцијата на градската управа за миграција во координација со губернијата на Едирне на мигрантите им раздава три пати дневно топол оброк.

Грчките безбедносни сили кои пред граничниот премин Кастаниес поставија ограда со жилет жица, често интервенираат врз мигрантите со водени топови, повремено употребуваат звучни бомби и солзавец, а повремено користат и куршуми.

Поради отворениот оган од страна на грчките безбедносни сили доаѓа до ранувања и убивање на мигрантите.

Исто така, грчките безбедносни сили за поефикасно забодување на пластичните куршуми  поставуваат и жица, што пак ја покажува и безмилосноста и суровоста на Грција кон мигрантите.



Слични вести