Претседателот Ердоган им го честиташе 8 март на мајките кои дежураат пред седиштето на партијата ХДП

Ердоган на мајките од Дијарбакир им честиташе за шестмесечната борбата што ја водат за враќање на своите деца од канџите на терористичката организација

1374530
Претседателот Ердоган им го честиташе 8 март на мајките кои дежураат пред седиштето на партијата ХДП

Претседателот  Реџеп Тајип Ердоган им го честиташе 8 март на мајките кои дежураат пред седиштето на Демократската партија на народите (ХДП) во Дијарбакир со цел да им се вратат децата од канџите на терористичката организација ПКК.

Пратениците на Партијата за правда и развој (АКП) од Дијарбакир по повод 8 март, Светскиот ден на жената во Домот за наставници се состанаа со мајките чии деца се киднапирани од страна сепаратистичко-терористичката организација ПКК и кои чекаат пред седиштето на Демократската партија на народите (ХДП) во Дијарбакир да им се вратат.

Пратеникот Мехди Екер од АК партијата на средбата на која учествуваа и пратениците Ебубекир Бал и Оја Еронат, по телефон го побара претседателот Ердоган и на мајките им овозможи да се слушат со претседателот.

Претседателот Ердоган на мајките од Дијарбакир им честиташе за шестмесечната борбата што ја водат за враќање на своите деца од канџите на терористичката организација. Вие во последните 6 месеци навистина сте изложени на различно искушение како мајки чии деца се одвоени од вашите прегратки. Со големо трпение се соочивте со ова искушение. Вашата упорност е забележана во историјата.

Од сите оние коишто ги бранат човековите права во светот не видовме никого во Дијарбакир. Ама вие покрај се стоевте гордо и продолживте со достоинствениот став. Во текот на овој процес вашите деца постепено почнаа да доаѓаат. Се надеваме дека сите мајки и родители ќе имаат можност што поскоро да ги прегрнат своите деца. Ви честитам за упорноста. Аллах да ви  е напомош.“ рече Ердоган.



Слични вести