Ердоган: Ниту една европска земја нема луксузност да остане индиферентна пред човечката драма во Сирија

Претседателот Ердоган на одржаната заедничка прес конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел истакна дека ниту една европска земја нема луксузност да остане индиферентна пред судирите и човечката драма во Сирија

1375054
Ердоган: Ниту една европска земја нема луксузност да остане индиферентна пред човечката драма во Сирија
CB Erdoğan Nato.jpg
Stoltenberg_Erdoğan_2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Беглија, Брисел, кадешто отпатува во работа посета се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган истакна дека НАТО се наоѓа во критичен период кога јасно треба да ја покаже својата солидарност со Турција.

Велејќи дека Турција 9 години како води борба против заканите коишто произлегуваат од Сирија, Ердоган рече: „Ние сме единствената земја на НАТО која води борба гради в гради со терористичката организцаија ДЕАШ и која дава жртви.“

„Она што е суштинско, е НАТО да обезбеди додадена вредност за одбраната и борбата на нашата земја, против тероризмот. Нашите сојузници треба да ја презентираат својата солидарност со нашата земја без притоа да прават никаква разлика и без да изнесуваат политички услови.“ - порача Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така нагласи дека јужните граници на Турција се јужна граница и на НАТО и го додаде следното: „Ниту една европска земја нема луксузност да остане индиферентна пред судирите и човечката драма во Сирија.“



Слични вести