Претседателот Ердоган ја повика Грција и таа да ги отвори вратите за мигрантите кои сакаат да заминат за Европа

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ги отвори вратите за мигрантите кои сакаат да заминат за Европа, а воедно ја повика и Грција да ги отвори вратите

1374260
Претседателот Ердоган ја повика Грција и таа да ги отвори вратите за мигрантите кои сакаат да заминат за Европа
edirne siginmaci yunanistan
edirne siginmaci yunanistan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Конгресниот центар Халич во Истанбул говореше на програмата „Жените хероини на Турција“, а по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената.

Претседателот Ердоган во своето обраќање овде во врска со острата интервенција на Грција против мигрантите кои чекаат во тампон зоната, истакна дека никој не го повишува својот глас против ова нечовечно однесување.

Велејќи дека Турција ги отвори вратите за мигрантите кои сакаат да заминат за Европа, Ердоган воедно ја повика и  Грција да ги отвори вратите.

„(Ние ги отворивме вратите) и Ти отвори ги твоите врати, мигрантите нека заминат за европските земји. Ние ви рековме дека ова ако оди вака ќе ги отвориме вратите, вие не ни поверувавте. Бараме праведно споделување на товарот. Ние бараме партнер во ова, се уште има 3,5 милиони мигранти, а 1,5 милиони се потпреа на нашата врата.“ - рече претседателот Ердоган.

Тој воедно покажа реакција против Грција која постапува нечовечно (нехумано) и врши зулум (суровост) против мигрантите кои ја преминуваат границата и рече: „Треба да се сомнева од човештвото на овие, јас се сомневам.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така информира дека утре во Белгија ќе одржат состанок со функционерите на Европската унија (ЕУ) во врска со што го истакна следното: „Се надевам дека ќе добиеме поразлични резултати и така ќе се вратиме. Од Белгија ќе се вратиме добивајќи подобри резултати. Европската унија (ЕУ) не ги исполни своите зборови што ги даде. ЕУ не ги исполни своите ветувања. За мигрантите обезбедивме поддршка од над 40 милијарди долари. Поддршката на Европа пак, изнесува 3 милијарди евра. Каде се 40 милијарди долари, каде се 3 милијарди евра?“



Слични вести