Грчките безбедносни сили продолжуваат со острата интервенција врз мигрантите на границата

Мигнатите кои чекаат на границата кај Едирне за да преминат во Грција, а оттаму да заминат во Европа, повторно се соочија со острата интервенција на грчките погранични единици и безбедносни сили кои интензивно фрлаа гасни бомби со бибер спреј и солзавец

1374030
Грчките безбедносни сили продолжуваат со острата интервенција врз мигрантите на границата
Türkiye - Yunanıstan sərhədi.jpg
Türkiye - Yunanıstan sərhədi.jpg
yunanistan tarafindan soyulup dovulen multeciler.jpg

Грчките безбедносни сили врз мигрантите кои се обидуваат да ја поминат границата интервенираше со гасни бомби со бибер спреј солзавец.

Мигнатите кои чекаат на границата кај Едирне за да преминат во Грција, а оттаму да заминат во Европа, повторно се соочија со острата интервенција на грчките погранични единици и безбедносни сили кои интензивно фрлаа гасни бомби со бибер спреј и солзавец. 

Некои од мигрантите поради интензивниот чад се онесвестија. Децата и бебињата кои поради фрлениот гас не можеа да дишаат меѓу криковите на нивните мајки беа однесени во мобилните болници кадешто им беше укажана прва медицинска помош. 

Здравствените работници поради тоа што со фрлениот гас беа исполнети и мобилните болници од шатори се соочија со тешкотии при интервенцијата и под тешки услови беа излечени голем број мигранти.

Инаку, грчките погранични единици и безбедносни сили повремено интервенираат остро со гасни бомби и се обидуваат да ги оддалечат мигрантите од граничниот појас.



Слични вести