„Доколку режимот го прекрши постигнатиот договор со Русија операцијата Пролетен штит ќе продолжи“

Претседателот Ердоган предупреди дека доколку режимот на Бешар Асад го прекрши договорот што го постигна Турција со Русија за прекин на огнот во подрачјето на Идлиб во Сирија, повторно ќе продолжи операцијата Пролетен штит

1374259
„Доколку режимот го прекрши постигнатиот договор со Русија операцијата Пролетен штит ќе продолжи“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Конгресниот центар Халич во Истанбул говореше на програмата „Жените хероини на Турција“, а по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената.

Овде, Ердоган се осврна и на постигнатиот договор со Русија за прекин на огнот во подрачјето на Идлиб.

Нагласувајќи дека Турција со реализација на операциите нема одредена цел како што е окупација на сириските територии, претседателот Ердоган рече: „Нашата единствена цел е да ја воспоставиме средината со којашто ќе се обезбеди безбедно  враќање назад во нивните домови на 3,6 милиони Сиријци кои живеат во нашата земја и на 1,5 милиони жители на Идлиб.“

Претседателот Ердоган предупреди дека доколку режимот на Бешар Асад го прекрши договорот што го постигна Турција со Русија за прекин на огнот во подрачјето на Идлиб во Сирија, повторно ќе продолжи операцијата Пролетен штит.

„Доколку режимот го прекрши договорот што го постигнавме со Русија уште еднаш на пожесток начин ќе тргнеме против овие тирани. Ние овие договор го постигнавме само со надеж да се овозможи да се реши кризата во Идлиб без да се пролее повеќе крв.“ - порача претседателот Ердоган.

Нагласувајќи дека е прифатливо секое решение коешто ќе ја обезбеди животната безбедност на народот во Идлиб и граничната безбедност на Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Доколку не бидат исполнети дадените зборови во врска со местата на десната и левата страна, го задржуваме нашето право за исчистување на овие места со нашите сопствени методи со операцијата Пролетен штит.“

 



Слични вести