Сулејман Сојлу: Проблемот со мигрантите на границата со Грција ја симна маската на европските земји

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека проблемот со мигрантите на грчката граница ја симна маската на Европа, а пред се на Грција по прашањето на човековите права

1373944
Сулејман Сојлу: Проблемот со мигрантите на границата со Грција ја симна маската на европските земји
siginmaci gocmen yunan
siginmaci gocmen yunan
siginmaci gocmen yunan
siginmaci gocmen.jpg

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу даде изјави во врска со проблемот со мигрантите на границата со Грција и истакна дека овој проблем ја симна маската на Европа по прашањето на човековите права.

Велејќи дека падна маската на Европа, а пред се на Грција по прашањето на човековите права, Сојлу рече: „Да ни речеа дека во 21. век ќе се соочиме со една ваква слика, ќе им речевме се шегувате, меѓутоа овој настан стана повод да се разбере и едно прашање. Маските паднаа. Се виде колку се безмилосни оние кои упатуваат реторики за под наводници хуманост (човештво).“ 

Сулејман Сојлу соопшти дека бројот на мигрантите кои ја преминаа границата изнесува над 143 илјади лица.

Тој потсети дека во Грција има вкупно 115 илјади странци и го рече следното: „Колку има кај нас? Има 4 милиони бегалци. Човек кога вели нешто треба да се погледне во својот став. Целосно ја прекршија Женевската конференција.“ 

Велејќи воедно дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис нема способност со којашто би можел да ги држи границите, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: „Вие погледнете што ќе се случи отсега па натаму. Претходните не се ништо.“



Слични вести