Претседателот Ердоган: ЕУ мора да ја обезбеди потребната заштита на мигрантите

Претседателот Ердоган разговараше телефонски со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја ја извршува функцијата привремен претседавач со ЕУ и истакна дека ЕУ мора да ја обезбеди потребната заштита на мигрантите кои доаѓаат на нејзините граници

1373698
Претседателот Ердоган: ЕУ мора да ја обезбеди потребната заштита на мигрантите
Andrej Plenkovic-erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ чија земја ја извршува функцијата привремен претседавач со Европската унија.

Претседателот Ердоган во разговорот истакна дека Европската унија (ЕУ) мора да ја обезбеди потребната заштита на мигрантите кои доаѓаат на нејзините граници.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во остварениот телефонски разговор помеѓу Ердоган и Пленковиќ беа разгледани случувањата во Идлиб, мигрантското прашање и регионални прашања.

Во телефонскиот разговор, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека Европската унија (ЕУ) придржувајќи се кон своите меѓународни обврски мора да ја обезбеди потребната заштита на мигрантите кои доаѓаат на нејзините граници. 

Претседателот Ердоган напомена дека затворањето на границите нема да ја крене одговорноста на европските земји која произлегува од меѓународното право. 



Слични вести