Хулуси Акар: Од 15 март ќе започнат заедничките турско-руски патроли на Автопатот М-4 во Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека од 15 март ќе се започне со заеднички турско-руски патроли на Автопатот М-4 и рече: „Почнавме да работиме на начелата на безбедносниот коридор што ќе се формира во должина на магистралниот пат“

1373785
Хулуси Акар: Од 15 март ќе започнат заедничките турско-руски патроли на Автопатот М-4 во Идлиб

На почетокот на наредната недела руска воена делегација ќе допатува на разговори во Анкара.

Изјавата пристигна од министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој беше во обиколка на воените единици на нултата точка на границата со Сирија.

Правејќи проценка на постигнатиот договор со Русија за Идлиб, Акар рече: „Под лидерство на нашиот претседател е фрлен значаен чекор во врска со политичкото решение во Идлиб, на патот што води кон мирот.

Хулуси Акар истакна дека од 15 март ќе се започне со заеднички турско-руски патроли на магистралниот пат Автопатот М-4 и го додаде следното: „Почнавме да работиме на  начелата на безбедносниот коридор што ќе се формира во должина на магистралниот пат.“

Тој напомена дека по стапувањето во сила на прекинот на огнот (на 6 март 2020 година, во четврток вечер по полноќ) досега нема било какво прекршување и рече: „Ќе продолжиме да бидеме сила на одвраќање против прекршувањето на прекинот на огнот.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар појасни дека случувањата во подрачјето се следат одблизу и рече: „На нападите против нашите единици и набљудувачки пунктови ќе одговориме најжестоко без двоумење.



Слични вести