Фуат Октај: Веруваме дека постигнатиот договор во Москва ќе придонесе за мирот и спокојството

„Веруваме дека постигнатиот договор во Москва (за Идлиб) ќе придонесе за мирот и спокојството“ - рече потпретседателот Фуат Октај во врска со постигнатиот договор за прекин на огнот во подрачјето на Идлиб, во Сирија, помеѓу Турција и Русија

1373936
Фуат Октај: Веруваме дека постигнатиот договор во Москва ќе придонесе за мирот и спокојството

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека се верува оти постигнатиот договор за Идлиб помеѓу Турција и Русија ќе придонесе за мирот и спокојството.

Правејќи проценка на постигнатиот договор за прекин на огнот во подрачјето на Идлиб, во севрозападниот дел на Сирија, помеѓу Турција и Русија, Октај истакна дека Турција води борба сама за да се спречи на едниот милион цивили кои ги загубија животите во Сирија досега, да бидат додадени уште толку и во Идлиб.

Октај рече: „Уште од самиот почеток на кризата (во Идлиб) досега Турција апсолутно не беше на страна на болката, судирот или војната. Нашата единствена цел (во Идлиб) е да придонесеме за воспоставување на безбедна, мирна и просперитетна иднина ѝ за нас самите ѝ за нашите сириски браќа. Доколку продолжи да се пролева крв во подрачјето, нема да се двоумиме да тргнеме против причинителите на кризата и тоа со многу поголема одлучност од било кога претходно. Веруваме дека постигнатиот договор во Москва (за Идлиб) ќе придонесе за мирот и спокојството.“

 



Слични вести